Ана Голејшка-Џикова е родена на 8.8 1987 година. Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност. “Невреме” е само еден мал дел од нејзиното богато творештво. Прочитајте ја во продолжение.
Невреме
Времето поминува
сапунот се потроши – сега никој повеќе не е вистински чист
се редиме во колона, за колонска вода
но нема поента – крајот за сите е ист
порано или подоцна
како круна на главата
доаѓа финалето
без публика, без судија, без писок за крај
а ќе си речеш
„планиравме краток одмор некаде средина на мај“
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.