Недостиг – Ирена Блажеска

Недостиг ќе ти постанам
Тогаш кога клуч на денес ќе ставам
Тогаш кога засекогаш ќе заминам
Тогаш кога од нас ќе се откажам.
И ќе боли како секогаш
Раната отворена низ времето
Таа рана без крв,
Таа рана без отвор
Таа рана на душата.
Но сепак е рана
Со која мораш да научиш да живееш низ недостигање
Ќе научиш да молчиш кога ќе се спомне моето име
Ќе научиш да пуштиш и солза кога ќе ме погледнеш
Ќе научиш да ме спомнуваш без глас
И во себе да чуваш недостигање.
Зашто недостигање ќе ти бидам
Сега и засекогаш.

Ирена Блажеска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!