Skip to content

Идентитет

Безброј сплетени срца во едно, бои во недоглед

Измешана крв која крвари во бистри реки

Бескрај на погледи и сплотени раце во несплотеност

Никој не знае дали е јас или е тој

Зошто се наоѓаме во другиот колку што сме сами во себе

Измешани сказни за почеток и крај на светот

Алфа и омега

Почеток и крај

Почеток кој нема крај

Крај кој нема почеток.

 

Не знам од каде доаѓам и каде одам

Каде се коските на предците на моите предци

Каде се рацете на предците на моите предци

Каде се прстите на предците на моите предци

Каде се песните на предците на моите предци

Но ги опевам, но ги славам

Не знам од каде доаѓам и каде одам

Но знам дека песната е секој почеток и секој крај

Сите коски и земји

Сите мориња кои се влеваат во крвта која крвари.

Песната, прв и  последен знак на идентитетот.

Напишете коментар