Тивка вечер,
во тивок дом,
силуети гледам,
живот ли е ова или сон?
Низ мракот викотници,
живи луѓе или мртовци,
од саатот слушнат само ѕвон,
живот ли е ова или сон?
Трња излегуваат низ порите,
мириси на крв и тага од ноздрите,
умот со дваесет личности полн,
живот ли е ова или сон?
Низ црнина – светлина,
низ огледало одраз,
светка – пука силен гром,
страшен доказ,
сѐ е живот и сѐ е сон.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.