Skip to content

Заблуда – Менче Кадинец

  • by

Ме колнеа
од на век до век,
Ме колнеа
од некаде до секаде…
Ме колнеа
од рани зори до темни гори..
Колнета во сон
да се пробудувам.
Се зададе
болка во длабина
болка гори,
срце мори
Се зададе болка
од измами и заблуди
со немоќ и јас да се
проколнувам….
Ме колнеа
од на век до век.
Ме колнеа
луѓе и нелуѓе,
ѓаволи и духови,
колнета во сон
да се пробудувам.

Напишете коментар