Витни Елизабет Хјустон била родена на 9-ти август во 1963 година, а починала на 11-ти февруари во 2012 година. Таа беше американски изведувач, глумица, продуцент и модел. Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди и оддаде признание за најнаградуван женски изведувач на сите времиња.
Хјустон беше една од светски најдобро продаваните музички артисти, со продадени над 200 милиони албуми, песни и видеа ширум светот. Таа има издадено шест студиски албуми, еден празничен албум и три албуми со песни за филмови, од кои сите имат дијамант, мулти-платина, платина и златна сертификација.
Нејзиниот приватен и професионален живот е многу богат. За вокалниет способности кои ги поседуваше навистина не треба ништо дополнително да се каже. Хјустон е единствениот изведувач што седум пати едноподруго бил на местото број 1 на Billboard Hot 100 hits. Таа е вториот изведувач после Елтон Џон и единствениот женски изведувач што освоил две најдобри награди на Billboard 200 албум наградите (некогаш “Top Pop Album” на топ листите на крајот на годината на магазинот Billboard.
Деби албумот од 1985 година, станал најдобро продаваниот деби албум од страна на женски изведувач во времето на неговото издавање. На 11 февруари 2012 година, Хјустон беше пронајдена мртва во нејзината гостинска соба во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс, Калифорнија.
Подоцнежните резултати покажале дека таа несреќно се удавила во кадата поради дејството на хроничната употреба на кокаин и срцево заболување. Вестите од нејзината смрт се совпаднаа со Греми наградите 2012 и заземаа значајно место во американските и интернационалните медиуми.
За подетално да прочитате за нејзиниот живот, музика и кариера појдете на следниов линк.
Слушнете го настапот од Хјустон во живо на Греми од 1989 г. со песната „One moment in time“!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.