Skip to content

Последна песна за тебе

Се плашев да не те изгубам,
а никогаш мој не беше,
никогаш те немав.
Ко што јас никогаш твоја нема да бидам,
а единствено тебе ќе ти припаѓам.
Сакав од невен пролет да ти направам,
од секој твој збор песна сакав да напишам,
в прегратки сакав да ти заспијам,
в очи сакав да ти потонам.
Сакав против светот да се борам
само за ти среќен да бидеш.
Ама залудно.
Ниту ти ќе си мој,
ниту јас твоја ќе сум.
ниту своја ќе сум јас без тебе.
А светот пак убав ќе е.
И без мене.
И без тебе.
И дур не те најдам пак,
во некој нареден живот,
во душава ќе те закопам.
Нема веќе да те мислам,
ниту песни ќе ти пишувам,
ниту в сон нема името да ти го изговорам.
Во мене ќе те скријам
за единатвено таму да останеш.
А кај ќе ме криеш ти мене?
Каде?

Напишете коментар