Skip to content

Неделно утро

Тишина по патот на облаците прекриени со сонце

Тишина, тишина, далек неспокој

Се наѕира само лаеж на еден синоок шпаниел

Благородник на благородниците

Милина и ведрост на благоклониците

Кафе прелеано со нежна светлина

Од септемвриско сонце

Рај за поклонениците на смиреноста

Патот е прекиен со златевина

Од два зрачни насмеани јорговани

Кои се допираат со лелеава прашина

Која во злато сé претвора кога го гази подот и

Мирно плови кон иднината.

Напишете коментар