700 години од смртта на најголемиот италијански поет Данте Алигиери

Данте Алигиери (италијански: Dante Alighieri) (1265-13/14 септември 1321) – италијански поет, еден од најголемите ликови во светската литература, славен поради неговите длабоки верски видувања и неговата длабока интелектуалност. Денес се празнуваат 700 години од неговата смрт.

Роден во Фиренца

Точниот датум на неговото раѓање е непознат, но се претпоставува дека најголемиот средновековен поет на Италија е роден некаде во мај или јуни 1265 година. Меѓутоа, неговото родно место е неспорно – Фиренца. Тој беше крстен Дуранте, но наскоро почнанале да го викааат накратко Данте. Неговите родители припаѓале на пониското благородништво; неговиот татко работел како лихвар.

Сопруга и муза

Поетот се оженил со Гема Донати околу 1285 година, жена од влијателно семејство. Двојката имаше четири деца. Но, срцето на Данте и припаѓаше на Беатриче (Биче) Портинари, која се омажи за друг. Данте никогаш не ја преболе и ја овековечи во своите дела. Беатрис се појавува во последниот дел од „Божествената комедија“ и во „Вита Нуова“ („Новиот живот“).

Политичка вмешаност

Данте не беше само поет и научник, тој беше активен и во политиката. Во тоа време, поддржувачите на императорот, како секуларна власт и папството, како верска власт, се соочија во борба за моќ. Данте застана на страната  на Папата.

Живот во егзил

Двете фракции се бореа немилосрдно, а Данте беше фатен некаде во средината. Околу 1302 година, тој бил протеран од Фиренца преку ноќ без можност за помилување или враќање, а неговиот имот бил конфискуван. Данте требаше да живее во егзил до крајот на животот, никогаш да не се врати во родната Фиренца.

Трактати и долг еп

Тој бил инспириран од филозофијата, теологијата и другите науки. Тој ги напиша „Де монархија“, „Конвивио“ и „Вита Нуова“ – но делото што требаше да му даде статус на поп -ѕвезда во животот, дело незаборавно до денес, несомнено е „Божествена комедија“.

Рајот и пеколот на Данте

Данте, прикажан погоре во илустрацијата на Доменико ди Мишелино од 1465 година, го напиша своето главно дело во егзил и го заврши непосредно пред неговата смрт. Поетот ги носи читателите на пат низ пеколот, чистилиштето и рајот. Тој го напиша на својот мајчин јазик, издигнувајќи го италијанскиот јазик до статус на литературен.

Патувањето на Данте

Тој се овековечи себеси како херој во својата епска песна, започнува на патување со античкиот римски поет Вергилиј. Тој се среќава со луѓе од митологијата и историјата кои во зависност од нивните гревови, страдаат од маки директно во пеколот или им е дозволено да лебдат на еден од надворешните кругови на пеколот. Тој се среќава со други луѓе во рајот – вклучувајќи ја и неговата сакана Беатриче.

Смрт во Равена

Данте починал на 14 септември 1321 година во Равена. Градот Фиренца постојано се обидуваше неговите останки да бидат преместени во неговиот роден град, но безуспешно. Во 19 век, градот подигнал монументален сенотаф, гроб на честа, за популарниот италијански поет.

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, во Данте гледаме човек со силен дух, кој бил способен да се носи со лошата судбина и неа да ја поднесе, но исто така, им се спротивставувал на судбината и на нужноста. Притоа, Леопарди смета дека меѓу италијанските поети немало и никогаш нема да има еднакви на Данте.

Оваа година има голем број свечености во Италија по повод овој јубилеј. Прочитајте Anno Dantesco: 2021 година е година на Данте.

Прочитајте за неговата муза – Која била Беатриче, музата на Данте?

Исто така и Увод во Божествената комедија на Данте Алигиери, основа на италијанскиот јазик.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!