Илузија – Ацо Шопов

Ноќ. Во ноќта крлушки месечина.
Слева од планината безгласна далечина.

Сам во ноќта стасав до планината.
Еден свет е зад мене, една мака мината.

Глеј нешто во ветките шепоти притаено:
Сè што си присакувал сè е осознаено.

И овде, под планина, во оваа низина
дише далечината со дофатна близина.

Миг… и сè исчезнува. Сон и пат. Далечина.
Сам сум. Над врвицата крлушки месечина.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!