Ти, мојата нова приказна со еден лик,
катаден изнудуваш насмевка на лицево
и го препишуваш сјајот во моите очи.
Всушност, твоите убави очи.
Јас те гледам желно ко мало дете
оти не знам како се сака.
Зарем во денешно време
некој некого љуби, некого сака?
Во дилема сум дали сите зборови
се зборови кажани ама празни.
Секој мој збор е пркос
на смислата на она што е бесмислено.
Имајте милост,
со нас ѕвездените прашинки
немојте, не оставајте
траг од трагот да не ни остани!
Зарем е виновен оној што љуби,
или оној што го љубат
а, не знае љубов да прими
ами само душата знае да му се наежи.
Ќе ти дадам само малку време,
оти само толку ти треба
да зачекориш кон мене.