Животе мој – Виктор Јевтимов

Хероју…Животе мој
Благослов е да си роден
да го живееш своето време
исполнето со радост и само радост
опкружен со саканите свои.
Тогаш ти си бесмртен
и никој не ти може
а твоето бескрајно бесконечно сонце
силно сјае.
Но надојдоа бурни времиња
исполнети со тешки темни облаци
сонцето го прекрија
силни ветрови раздуваа
дрвја разрушија листови одуваа.

Големи реки матни
со себе влечат тешки товари
товари ко планини
и единствен мост разруши.
Мостот на животот
мостот на надежта.

Сега јас повторно сам
стојам на патот со наведната глава
со солзи во очите
со многу мисли и зборови
една цел – Што е Живот?
Се раѓаме ние плачеме
и сите околу нас плачат
и се радуваат со солзи
бесконечни радосници.

Го живееме животот
имаме цел да всадиме
нов живот што ќе нѐ замени
нас самите.
И кога ќе дојде судниот час
кога ќе бие црковното ѕвоно
знај дека сите се со тебе
со душата и мислите.
Затоа ти си бесмртен
Хероју…Животе мој

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!