Сонувачи — тоа се тие
што бавно кон дното тонат.
Оној што во длабочините спие
има во слухот подводни ѕвона.
Долу за нив е горе.
Пливаат или одат?
Слегнати по долго време в море
ја препознаваат одново водата.
Земјата за нив е тешка.
Ги покрива на неа лишај.
Раководени од една грешка
под водата се учат да дишат.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.