Skip to content

Ја сакав – Лина Димоска

Знаеше дека не е единствена,
а ме сакаше.
Знаев дека не е единствена,
ама ја сакав.
Ја сакав оти не личеше на ниту една друга.
Косата не ù беше ниту руса,
ни костенлива,
ни црна.
Не знам каква боја ù беше косата,
ама не личеше на ниту една од нив.
Затоа ја сакав малку повеќе од другите.

Се смееше различно од сите.
Очите некако ù се закосуваа.
На образите неколку бори ù се отсликуваа.
А насмевката, иста ко мојата ù беше.
Заразна.
Длабока.
Искрена.
А зад неа еден тон тага криеше.

Ја сакав оти на усни ми се насмевнуваше
кога ја бакнував,
оти се туткаше во мене,
оти во моите прегратки се криеше од светот,
оти смеејќи се ми велеше “Те мразам.”,
а потоа додаваше “Понекогаш.”,
оти беше детинеста ко девојче,
оти беше мое девојче.
Затоа ја сакав.

Ме сакаше наивно,
детски,
чисто.
Знаеше дека не е единствена.
А јас знаев дека само таа ми е доволна.
Дека само таа е моето девојче.
Затоа ја сакав.
Ја засакав ко ниту една друга.

Напишете коментар