Еден земјоделски работник чиешто жито секогаш добивало прва награда на локалниот саем, имал обичај најдобрите семиња да им ги подели на селаните во околината. Кога го прашале зошто го прави тоа, одговорил: „Тоа е само прашање на интерес. Ветрот носи полен од една нива до друга. Кога моите соседи би одгледувале жито со лош квалитет, со вкрстено опрашување би го намалил квалитетот на моето производство. Ете зошто ми е важно секаде да се сади најдоброто семе“.
Сè што им даваме на другите си го даваме и себе. Невозможно е да им се помогне на другите без да си помогнеме себеси. Исто како што е невозможно да им се нанесе зло на другите, а истовремено да не си нанесеме себеси. Правете добри дела – за добри дела да ви се случуваат. Избегнувајте го злото бидејќи тоа се враќа во повеќе форми.
Прочитајте ја и приказната за искоренување на лошите навики.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.