Накиснал прозорец од сончев дожд
без малку се прелеа во мојата коса разбранета на ветрец нежен
Нема приток, нема артерија
Само дожд, дожд,
Се налева во срцето
Сребрен поток
Освежителен
Ми ја стоплува и очистува душава
Како колоидно сребро
Ги откраднува микроорганизмите
Воздухот дише
Не се заморува
Чекам да дојдеш ,да ме облееш
Златен поток да ми бидеш
Но не знам што ќе стане со душава
Дали ќе се стопли, очисти
Или место да блесне, ќе се разгори
Ќе се оцрни
Не, не смеам да ти се доближувам
Октомври носи само
Сребрени дождови.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.