Skip to content

Есенски танц – Сабахета Ета Мерсими

  • by

Нека ова време те води низ животот,
како партнер во разигран валцер.
Не дозволувај темните облаци
и свилено небо од бели облаци
како јагниња бели во стадо,
истурени бисери од солзитe
на убавите расплакани девојки на есента.

Паѓањето на лисјата
како расталасени прамени на косите
покривајќи ја каливата земја
во најубав шарен детски килим
Не мрази го ова убаво, чудно време.
Не бегај во засолништата од промените,
опивајќи се со негативна енергија.

Дозволи му животот да те води
во развеан занос на танцот
носен од најубавиот плес на шароликите лисја
расфрлени околу тебе
во сите бои на виножитото,
да те понесат во широчината на распеана душа
опиена од музиката
од нивното вешто ракоплескање
на лисјата во најубава серенада

Опиј се од мирисот од овошките и зеленчукот
жолто, зелено, црвени бои на младоста,
љубовта виолетова на грозјето опивно
Дозволи да те носи виножитото во летот
оставајќи ги тажните гранки
на дрвјата разголени на дождот
да те носат до бескрајност на чистота
на затрупани отрови во телото
и душата во медитација и јогата.

Уживај, радувај се на есенска среќа
како што знаеш да ја слушаш музиката
на прагот од куќата во утрински часови
разбудена од ударот на капките,
од пролеаните солзи на облаците
по прозорски окна уживајќи во таа
прекрасна есенската серенада..

19.10.2021

Напишете коментар