Вино што трпко сјае,
зад мене маглен пат –
и глас со ужас таен
што пее зарипнат.
Засвире виолината,
низ крчма залипан тон –
и плаче горко тишината
небаре дете во сон.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.