Еден од трите круни,
Величествениот, претходникот на записот
Чијашто љубов лебдеше над падините на Тоскана
Ја виде љубената во бело
Таа невеста од соништата
Девствената љубов од Рајот
Ти Ги овори рацете
За да ја отвориш тајната на светот
Ох, колку не ја посакуваше смртта
Но, те прочисти од темнината
Откровение, Видение
Кругови во девет бои
Инка од која не можеш да
Побегнеш
Се врати
Онаму каде ја немаше
Онаму каде страста
Те следеше
За да зачекориш во иднината
На народот кој те прослави
Како најголемиот меѓу
Смртниците.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.