Skip to content

Стар ѕвезден пијалак – Влада Урошевиќ

Орион, убиец на ѕверовите, сè уште демне над ридот:

три сјајни ѕвезди на појасот му стојат.

Откако со тешко вино го опил, Ојнопион му го зел видот,

но тој сè уште на небото ја чека скорпијата своја.

 

Додека лежите на грб небото е мешина со вино.

Ѕвездени животни кружат над полето летно.

Поради Меропа, Ојнопион, на Дионис синот,

со бесконечност ве опива, ви положува врз очите петно.

 

Лежејќи ја ставате во устата инката на цветот

и ги пиете во алчни голтки маглините и бездните —

сè додека не почне да ви се меша умот, да ви се ниша светот

а потоа станат долго да морате да се трезните.

Напишете коментар