Од изборот
Од желбата
Од мислите
Кои водат
Денот во лутина да ти започни
И непростувањето во срцето да ти остани!
Од споредбата
Која рано наутро во тебе се буди
Од незадоволноста
Која веднаш прв првиот поглед ти ја нуди!
Од очекувањата кои на листата ти стојат
Од надежта која во луѓето ја бараш!
Откажи се…
Од правецот кој нонстоп товар ти остава!
Од навиките кои роб те прават!
Од фантазиите кои човечноста ти ја крадат!
Од стравот кој мирот ти го одзема
Од планирањата кои фокусот ти го менуваат!
Откажи се…
Од она што во тебе војна создава
Од она што последниот напор ти го одзема!
Те паѓа
Под окови те остава
Те обвинува
А потоа зад решетки те сместува!
Откажи се…
Да бидеш слуга на телесноста
И слушател на лагата
Навивач на озборувањата
И дел од тимот на гордоста
Откажи се…
И препушти се
Во најдоброто од тебе облечи се
Потсети се
На деновите во кои радост носеше
И најубавото кај другиот го приметуваше!
Сметка за зло не отвораше
Ниту камата на слабости допишуваше!
Издиши
Длабоко вдиши
Од животот кој живот ти носи!