Skip to content

Клуч за ноќните соништа – Влада Урошевиќ

Отворате врата тешка и леплива.

Зад неа тече река, зад неа е шума.

Ноќните стражари го чекаат оној што ќе преплива

и му подаруваат облека од гума.

 

Потоа трчате а по вас пукаат.

Успевате да избегате и покрај облеката тешка.

Но стражата покрај оградата е стрплива и лукава:

верува дека ќе сторите сепак некоја грешка.

 

На крстопатите селски на вас демнат.

Да ве следат го праќаат Питачот и Лудото Дете.

Напразно трчате низ шумата темна.

На нејзиниот крај е стрелиштето. Тоа е јавето, ете.

Напишете коментар