Сонот не е јаве,
јавето можеби е сон.
Недостижно се бркаат,
се испреплетуваат
но никогаш лице не си гледаат
Јавето е сон
сонот можеби е поклон
за будниот да ги пресретне
и сонот и јавето истовремено
во магловит, нејасен, ноќен ѕвон.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.