Андреа Коевска со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија за 2022 година во Торино. Автор на музиката е Александар Масевски, а текстот го напишале заедно со Андреа. Годинешната наша претставничка имаше најмногу гласови од стручно меѓународно жири, што беше пресудно за крајниот избор. Во изборот на македонскиот евровизиски претставник, гласови дадоа и евровизиски стручњаци од Малта, Ерменија, Израел, Грузија и Исланд.
На крајот од гласањето Андреа и Виктор имаа изедначени поени, вкупно по 20, но според евровизиските правила победува кандидатот кој имал најмногу бодови од стручното жири. Најмногу гласови од публиката имаше песната „Supermen“ од Виктор Апостоловски со музика на Владимир Дојчиновски. Веселата композиција од Виктор беше фаворит на македонската публика за која доби дури 30.756 гласови. Гласањето се одвиваше онлајн на https://evrovizija.mrt.com.mk/, официјалната страница за избор на евровизиски претставник.
Кали со песната „Love and light“ го освои третото место, а Лара со нејзината песна „Flower of sorrow“ беше четврто место. Јон Ајди со „Dreams“ се пласираше на петто место, а Рис Флаер со неговата „Flying to Berlin“ го осови шестото место.
Крајните резултати од гласањето беа соопштени во петокот, во специјално издание на емисијата „Стисни плеј“ на МРТ. Оваа ТВ куќа има лиценца за овој избор.
Андреа ќе ја претставува Македонија во втората полуфиналана вечер на 12 мај, во Торино, Италија.
Чујте ги „Circles“ и „Superman“ кои некако се издвоија оваа година од изборот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.