Во очите на човек да му се загледаш
Да останеш таму, и да не бегаш
Со клучот на нежноста да отвориш
И со тивок допир на вратата од душата да затропаш!
Па ќе приметиш
Ќе слушнеш и допреш
Дека доволно е
Повеќе од замисленото на плеќите стои
И натежнува како снегот на олукот, притиска, и не остава, мирот трошка го одзема!
Доволно е…
Во очите на човек да останеш
И завесата да ја подигнеш
Од двата краеви да ја за врзеш
И таму, позади неа да отидеш
Пешачкиот премин од моето јас, до твоето ти да го преминеш!
И возот со вагонот на болката да го запознаеш!
И капетанот на отфрленото срце да го сретнеш!
И ќе откриеш
Дека туѓата длабочина, не е черга за моите чекори!
Туѓите солзи не се хартија, за моите погрешни зборови!
Ниту пак туѓата ,,слабост” не е терапија за мојата не прифатеност!
И ќе откриеш
Дека доволно
Во невидливоста човекот натежнал
Паднал, и се откажал
Оставен како последен
Одложен и заборавен
Без капка на љубовта
Без зрак на љубезноста
Позади решетките на егоизмот и себичноста!
И ќе откриеш
Дека доволно
Време изгуби
И многу шанси пропушти
Во илузии и фантазии се допушти
И со крај заклучи!
Дека доволно е новата страна на убавината во нечии очи да се започни!