Цитати за жената кажани од највлијателните луѓе во светот (втор дел)

Постојат стотици цитати за жената, а можат да се измислат безброј други, речиси онолку колку што постојат жени во цел свет. За жената може многу да се каже, а човештвото постои благодарение на постоењето на жените. Прочитајте го вториот дел цитати за жената кажани од највлијателните луѓе во светот.

„Жените се помудри од мажите затоа што знаат помалку, но разбираат повеќе.“ – Џејмс Турбурн

„Жената стои, како капија, на излезот како и на влезот од овој свет.“ – Иво Андриќ

„За светот можеби ќе бидете една личност, но за една личност ќе бидете светот.“ – Бил Вилсон

„Што е подобро од мудроста? Жената. А што е подобро од жената? Ништо.“ – Џефри Чосер

„Убавата жена им се допаѓа на очите, добрата жена му се допаѓа на срцето. Првата е скапоцен камен, а другата – ризница.“ – Наполеон Бонапарта.

„Телото е најмалото нешто што може да му го даде жената на мажот.“ – Ромен Ролан

„После жената , цвеќињата се најубавото нешто што Бог му го дал на овој свет.“ – Кристијан Диор

„Жените никогаш нема да бидат исто успешни колку мажите, бидејќи тие немат сопруги кои ќе ги советуваат.“ – Дик Ван Дајк

„Она што ние жените треба да го направиме е, наместо да се грижиме за она што го немаме, да го сакаме она што го имаме.“ – Камерон Дијаз

„Не посакувам жените да имаат моќ над мажите, туку врз себе.“ – Мери Волстоункрафт

„Сметам деја жените грешат кога се споредуваат со мажите, тие се далеку посупериорни, отсекогаш биле.“ – Сер Вилијам Џералд Голдинг

„Жената е единствената работа од која се плашам, а која знам дека нема да ме повреди.“ – Абрахам Линколн

„Жените не се создадени за да се разберат, туку за да се сакаат.“ – Дорти Паркер.

„За мажи без жени не постои рај ниту на небото, ниту на земјата. Без жените не би имало Сонце, Месечина, земјоделство, ниту оган.“ – арапска поговорка

„Мажите кои зборуваат лошо за жените, обично имаат на ум само една жена.“ – Реми де Гурмон

„Слабост, името ти е жена.“ – Вилијам Шекспир

„Со жена се расправа срцето, а не умот.“ – Метју Арнолд

„За да стигне до срцето на една жена, мажот мора прво да го користи своето.“ – Мајк Добертин

„Не е важно која си, ниту од каде потекнуваш. Способноста да победиш започнува во тебе. Секогаш.“ – Опра Винфри

Прочитајте го и првиот дел цитати за жената.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели