Цитати за жената кажани од највлијателните луѓе во светот (прв дел)

Во пресрет на 8 Март, следниве цитати за жената кажани од најголемите умови во светот, ги споделуваме на блог. Прашањето дали некои жени го празнуваат овој ден е ирелевантно. Убаво е да се напомене дека без оглед дали датумот го означува меѓународниот ден на жените, нивното постоење треба да се слави секој ден. Во продолжение следуваат мислите посветени на жената.

„Жената е целосен пакет. Во неа се наоѓа моќта да создава, да се грижи и да менува“. – Даен Меричајлд

„Доколку не можеш да почитуваш жена, тогаш не можеш да почитуваш никој друг – затоа што жена те донела на овој свет“. – Ошо

„Што ќе беа мажите без жените? Реткост, господа, реткост!“ – Марк Твен

„Драги дами: Вие никогаш не треба да им докажувате на другите жени дека тој ве сака. Тоа е негова обврска“. – Чарлс Џ. Орландо

„Ах тие жени, тие ги прават врвовите повисоки, а падовите почести.“ – Фридрих Ниче

„Кога маж седи со убава девојка еден час тоа поминува како минута. Но нека седне на жешка печка пет минути, ќе му изгледаат подолго од еден час. Тоа се вика релативност“. – Ајнштајн

„Жените зборуваат два јазика од кои едниот е вербален.“ – Вилијам Шекспир

„Големото прашање кое никогаш не е одговорено и на кое јас не можев да одговорам и после 30 години истражување на женскаат душа е: Што сакаат жените?“ – Сигмунд Фројд

„Кога не би била жената, дијамантот би бил само обичен камен.“ – Виктор Иго

„Вистинската убавина не е поврзана со бојата на вашата коса или бојата на вашите очи. Вистинската убавина е поврзана со вас, како човечко суштество, со вашите принципи и вашиот морален компас.“ – Елен Деџенерис

„Среќните девојки, се најубавите девојки“. – Одри Хепберн

„Жената е како вреќичка чај. Не може да знаете колку е силна сè додека не ја ставите во врела вода“. – Еленор Рузвелт

„Ако жената е вклучена во нешто, знам дека сè ќе биде добро. Мене ми е сосема јасно дека жените владеат со светот.“ – Габриел Гарсија Маркез

„Секоја мајка работи напорно и секоја жена заслужува почитување“. Мишел Обама

„Успехот на секоја жена треба да биде инспирација на друга. Ние треба меѓусебно да се издгинуваме. Бидете сигурни дека сте многу храбри, бидете силни, бидете исклучително љубезни и пред сè, бидете скромни. – Серена Вилијамс

Прочитајте и што рекла Моника Белучи за жените.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели