15 цитати за жените и убавината од Моника Белучи

Моника Белучи и денес важи за една од најфаталните жени. А ние издвоивме 15 нејзини мисли. Прочитајте ги во продолжение!

1. „Убавината на жената станува проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо освен таа убавина.“

2. „Нас, всушност, ништо не нѝ припаѓа: ниту нашите сопружници, ниту нашите деца. Ние само можеме да споделиме нешто со луѓето кои ги сакаме.“

3. „Жената може да сака како никогаш да нема да замине. Но може да дојде таков ден кога ќе замине како никогаш да не сакала.“

4. „За мене, стареењето значи да се стане подобар од она што си бил.“

5. „Луѓето можат на другите да им ја простат мудроста, дури и талентот, но успехот и убавината – никогаш!“

6. „Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојот одраз во огледалото нема веќе да ме радува? Истото што го правела и мојата мајка. Нема да гледам во огледалото, ќе ги гледам своите деца.“

7. „Секогаш им велам на младите девојки: „Научете да го сакате своето тело!“. Затоа што совршенството не постои и сосема е очигледно дека жените не се помалку убави од слабите девојки. Едноставно, треба да се прифатите себеси такви какви што сте.“

8. „На сите им се потребни илузии. И токму заради тоа сакаме филмови.“

9. „За ништо на светот не би сакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна од тогаш, затоа што во таа доба се запознаваме себеси, се обидуваме да сфатиме што сакаме да бидеме, страдаме заради несигурност…Сега точно знам што ми е потребно и без што не можам да живеам.“

10. „Да бидеш убав на 20 години – тоа е нормално. Кога си убав на 35 или 45 – тоа е животна позиција.“

11. „Според моето мислење, глупаво е, со оглед на младоста и убавината, да станете “спонзоруша“ на некој со длабок џеб, беспомошно да го трошите животот на секоја забава. Убавината ни е потребна како помош за да најдаме хармонија, љубов и смисла во овој хаотичен свет.“

12. „Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат. Тие само признаваат дека сте подобри од нив.“

13. „Убавината доаѓа од изразувањето и станува интересна само кога е покриена со облека.“

14. „Женственост – тоа е хармонија, природност, сензуалност.“

15. „Не ги разбирам жените кои велат дека ги понижува тоа што мажите ги посакуваат. Мислам дека тие, едноставно, не се во склад со себеси.“

Порочитајте ги овие 20 цитати од бунтовната Вирџинија Вулф.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?