„Денот на црвот“ од авторката Симона Јованоска ја доби наградата „Роман на годината“. Наградата ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот излезе во 2021 година од страна на издавачката куќа „Или-или“, во едицијата „ПроАза“.
Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“, во издание на „Или-или“. Во 2021 го издава својот прв роман, „Денот на црвот“.
Годинава вкупно 39 романи беа во трка за наградата„Роман на годината“. Во најтесен круг оваа година влегоа четири романи и тоа Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер). Жири-комисијата во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева ја донесе одлуката. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. На свечено доделување Јовановска ја прими наградата и најави дека ќе следува промоција на романот низ цела држава.
Роман на годината за 2020 беше „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски. За 2019 година за роман на годината беше избран Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова. Наградата за роман на годината за 2018 година му припадна на делото „Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.