Овие најубави цитати за благодарноста ќе ве натерааат веднаш да се почувствувате благодарни. Ова е продолжетокот на претходно објавена статија во која ги споделивме најубавите мисли за благодарноста. Прочитајте го во продолежние вториот дел.
1. „Носете благодарност како наметка и нахранете го секое катче од вашиот живот“ – Руми.
2. „Благодарноста не е само поголема доблест, туку родител на сите останати доблести“. – Марко Тулиј Цицерон
3. „Благодарноста е внатрешно чувство за примената љубезност. Благодарноста е природен имплус да се изрази тоа чувство. Ден поминат во благодарност го следи тој импулс.“ – Хенри ван Дајк
4. „Постојат два начина за да го живеете својот живот. Еден начин е како ништо да не е чудо. Друг начин е како сè да е чудо.“ – Алберт Ајнштајн
5. „Имајте благодарен став. Бидете благодарни за своето здравје сега. Не го чекајте Денот на благодарноста.“ – Џошуа Тонгол
6. „Дури и во животните искушенија, ако имаме очи да ги видиме, можеме да најдеме добри нешта каде и да погледнеме.“ – Џоана Гејнс
7. „Здраво, сонце во лице. Здраво, ти којшто утрото го створи и го распосла по полјината. Гледај сега како го почнувам денот во среќа, во добрина.“ – Мери Оливер
8. „Да бидеме благодарни за луѓето што не усреќуваат. Тие се шармантнии градинари коишто ги расцветуваат нашите души.“ – Марсел Пруст
9. „Секој треба да биде благодарен штом отвори очи. Ако можноста уште еднаш да вдишете и имате можност да ги отворите очите наутро не е најголем благослов, не знам што е“. – Мое Алодах
10. „Не е среќа она што ни донесува благоданост. Благодарност ни носи среќа.“ – Анонимен автор
11. „Кога ќе станете наутро заблагодарете се за храната и за радоста на живеењето. Ако не гледате причина за заблагодарување, вината е само во вас.“ – Текумсех
12. „Неблагодарното срце не открива милост, но благодарното срце во секоја чаша ќе најде некои небесни благослови“. – Хенри Ворд Бичер
13. „Бидете среќни поради овој миг. Овој миг е вашиот живот.“ – Омар Хајам
14. „Денес одбирам да живеам со благодарноста за љубовта што го исполнува моето срце, мирот кој почива во мојот дух и гласот на надежта кој говори дека сè е возможно.“ – Непознат автор
15. „Погледни во небото: Тоа е за тебе. Погледни ги лицата на сите луѓе додека поминуваш покрај нив на улица: тие лица се за вас.“ – Миранда Јул
16. „Ти благодарам – е најдобрата молитва што некој би можел да ја изговори“. – Алис Вокер
17. „Благодарноста го отклучува изобилието во животот. Она што го имаме го претвора во доволно, и повеќе“. – Непознат автор
18. „Вчера е минато, утре е иднина, но денес е подарок. Затоа и се вика сегашност“. – Бил Кин
19. „Не постои подобра прилика за да добиете повеќе отколку кога сте благодарни за она што веќе го имате. Денот на благодарноста ги отвора прозорите со можности за идеите да течат по вашиот пат“. – Џим Рон
20. Нека ви стане навика на луѓето да им кажувате “благодарам“. Да ја изразите вашата благодарност, искрено и без очекување ништо за возврат. Навистина ги цените оние околу себе. Ценете го животот и ќе откриете дека имате повеќе.“ – Ралф Марстон
Прочитајте го првиот дел од најубавите цитати за благодарноста.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.