Капка по капка како утринска роса
како бисери од школка на Охридското Езеро.
Цвет по цвет, цел букет во вазна
извезена со злато и сребро
украсена со лири на невестинска кошула.
Таква е претставена нашата Поезија
од мојата, твојата и нивната душа
со теми различни, имагинативни,
тактилни, разбирливи, замислени
од каде доаѓа изворот.
Секој стих по стих – строфа
Од мала, голема песна,
песна завиткана во љубов,
горчлива тага истрошена,
исцрпени приказни од спомени,
без омраза,
почит и моќ на непознато пријателство
низ поезијата.
Таква е поезијата
каде што нема поделби од мои,
ваши или на некој друг
Поезијата е нашата гордост
нашата љубов нашата величина.