Кога би можеле вие малодушни
Да ги сфатите крвавите чекори
На еден тивок херој
Херој што сам чекореше
Во беспатјето свое
Вие сега не би ги оплакувале
Раните свои, кои душата ви ја завија
Херојот не се откажа од животот
Заради вашите игнорирања
Заборавивте дека
На другата страница од листот
Ќе го пишува вашето име
Такви бевте затоа што
Отуѓеноста беше ваш пријател
Но времето менува сè
И така во една игра
Има победник и губитник
И не заборавајте дека
Трето полувреме
Животот нуди само на избраните од него
А вие бидете среќни
Во вашата заспана љубов