Кога напладне, на сцената од древниот театар
се покажа младич, убав, како древен Елин,
но не знаејќи за тоа, и извика
(не од восхит – восхитот тој не го чувствувал,
а ако веќе го почувствувал – не го покажуваше)
и извика, и се радуваше на младоста ли,
за да ја провери чујноста ли,
та од ридовите одекна ехо – грчко ехо.
Тоа не се имитира и не се повторува,
тоа само продолжува во бесконечните височини
вечен како на громовите, звук на дитирамбот.
Прочитајте и Јанис Рицос – Заедничка сопственост
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.