Литературен конкурс по повод 15 години од меѓународната поетска манифестација „ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ“

Литературен Конкурс за поетска творба на слободна тема објавува здружението „Клуб на литературни творци“ – Прилеп, по повод 15 години од меѓународната манифестација ,,ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ“ 2022 г. Право на учество имаат сите што пишуваат поезија. Учесниците се поделени во две категории, возрасни и млади, при што во самата пријава да стои возраста на авторот. Секој учесник (автор) испраќа по една песна не е подолга од 28 стихови, во Times New Roman 12, кирилична поддршка. Песните ќе бидат објавени во заеднички Алманах, кој ќе биде доделен на самата манифестација.

Конкурсот започнува од 01. 05. 2022 г. и ќе трае до 31.05.2022 г. Песните кои ќе пристигнат по завршуваето на рокот нема да бидат земени во предвид. Tворбите да се испраќаат на е-маил адреса: [email protected] Манифестацијата ќе се одржи на 13. 08. 2022г. во 18 ч. на Тронот кај слонот.

Литературниот клуб “Кирил Пејчиновиќ” Тетово е еден од најстарите и најактивни клубови во Република Македонија. Формиран е во 1961 година од тетовските гимназијалци како Клуб на млади писатели, а од 1976 година го носи името на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ. Од 1986 година работи во рамките на НУ Центар за култура “Иљо Антески-Смок”, како матична дејност. Клубот периодично го издава алманахот “Огледало”.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели