Македонија! – Софија Величковска

Кажи ми како да истрае нешто
кое се гази без престан
и кажи ми како орхидејава тука да опстане
кога воопшто не се полева?
А нема, еве,
викотници веќе нормален јазик ни станаа,
осамени души преку безброј
осакатени ниви,
и дворци,
пусти и овенати дворци,
крвави бели рози и само една мека постела.
Македонија.
Која безболна песна ќе беше,
та немаше толку да ве здоболи,
каква солза ќе беше
та немаше душата да ви ја загорчи,
а да не си помислите на земја без мравки,
небо ноќе без ѕвезди,
јас без тебе,
свадба без сватови,
љубов без болка.
Колку мизерно си го трошиме времето на невреме,
колку треба да се плати од љубов да се убиеме
оти веќе од другото сме мртви?
Каде и да посадите семе,
јас ќе видам цвет.
Македонија е тоа.
Гази, корни, влечкај, заробувај,
темнината секогаш бега кога сонцето
е лудо вљубено во само едно знаме!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели