Skip to content

Дете – Ива Марија Зероска

  • by

Дете, она мало слатко невино, полно со љубов. Дете, она кое го има во секоја поезија, проза и во секој стих. „Никогаш не сум имал многу да ти дадам, Никогаш само љубов како дете искрена, но не ти беше доволна…” – Тоше Проески, она што не можиме да го кажеме, совршено го објаснува овој стих. Можеби и баш тоа дете е симбол на љубовта, онаа која ја губиме, а сепак е тука. Онаа која ја чувствуваме, а не можеме да ја пружиме. Ја губиме, а сè уште е во нас. И никогаш не растеме, баш поарно тоа дете, кое вечно живее во нас. Кое е присутно во секој настан, во секоја реченица, во она што сме ние. Баш тоа дете нè дефинира нас како личност, можеби поради тоа што секое дете бара љубов, а не секое ја добива. Можеби поради тоа што секое дете бара внимание и силна прегратка од оние кои ги сака безусловно.

Можеби ние сме само возрасни фигури кои го потискаме она мало дете само за да не пуштиме солза, а сепак не победува. Се тркалаат солзи по нашите лица како дожд во есен, а срцето ни е само еден позлатен лист, кој го гази секој минувач и прави прав од него. Можеби со тоа што глумиме возрасни, а не сме совршени за таа улога го кршиме тоа дете во нас кое плаче без престан. Можеби и животот е едно сценарио во кое главна улога сме ние, а зависиме од споредните. Можеби само чекаме да се спушти завесата па да дојде на сцена она наше дете кое чека само да пушти солза, само за да се заврши оваа драма. А што би биле ние доколку го нема ова наше дете?

Ива Марија Зероска

Напишете коментар