Десет цитати од Џејн Остин кои секој мора да ги прочита

Џејн Остин е англиска писателка (романописец) чии романи, со скоро хируршка прецизност го претставуваат животот, љубовта и индиректниот слободен говор во англиското општество во осумнаесети век. Меѓу најпознатите дела на Остин ги среќаваме: „Гордост и предрасуди”, „Разум и чувства”, „Ема“, „Опатија Нортангер“ и многу други. Остин е позната по својот богат стил, но и по острите критики кон општеството и луѓето кои мајсторски ги пласира како и во нејзините дописки, така и во делата. Денес издвојуваме десет нејзини цитати кои секој мора да ги прочита.

1. „Пријателството е најдобар мелем за болката од љубовното разочарување.“

2. „Постојат луѓе, кои, колку повеќе правиш за нив, толку помалку ќе прават за себе.“

3. „Суетноста и гордоста се различни нешта, иако овие зборови често се употребуваат како синоними. Човек може да биде горд без да биде суетен. Гордоста повеќе се однесува на нашето мислење за себе, додека пак суетноста на она што другите го мислат за нас.“

4. „Личноста, без разлика дали е господин или госпоѓа, која не ужива во добар роман, мора да е неподносливо глупава.“

5. „Ако те сакав помалку, можеби ќе можев да зборувам за тоа повеќе.”

6. „Оние кои не се жалат никогаш не се сожалувани.“

7. „Понекогаш, жената може да изгледа подобро на 29 години одошто изгледала 10 години претходно.“

8. „Ако книгата е добро напишана, секогаш имам чувство дека е премногу кратка.“

9. „Мојата идеја за добро друштво е друштво кое е составено од паметни, добро информирани луѓе, кои знаат да разговараат.“

10. „Она што треба да се направи како што треба, не може да се направи премногу брзо.“

Прочитајте го и написот „Џејн Остин, најчитана и најсакана писателка во англиската книжевност“.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели