Стихозбирката „Куќа од хартија“ од писателката Гордана Каракашевска неодамна излезе од печат, а промоцијата на делото ќе се одржи на 12 мај, во Културно информативниот центар (КИЦ) во 19,30 часот во Салон 19’19.
Ова е втора збирка на Каракашевска, а четврта книга по ред. Промотор на стихозбирката ќе биде поетот Вања Таневски, а модераторка на промоцијата е писателката Јулијана Величковска. На промоцијата, избор поезија од стихозбирката „Куќа од хартија“ ќе чита актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска – Ели.
Гордана Каракашевска е автор и на следниве дела: книга раскази „Сињор Џордано и размислувањата за сомневањата, дилемите и прашањата и за некои други, ситни зрнца“ (2021), стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ (2021) и романот „Разголување во годината на козата“ (2021).