Безимен – Даница Ручигај

Доаѓаш на престол секогаш
Од онаа мисла што е залепена
Како вредна нужност од инстинкти
Не наполнувај ги реките
Од оваа вода на невкусност.
Не полудувај го зачмаениот воздух
Што несетено поминува в гради
Како потреба на траење.
Избриши ги своите неопипливи
Разлози на живот а едновремено
Однеси ја оваа нестварна моќ
Што ми натежнува.
Подбери го ова време
Завиткано во безвредност
И однеси ги однеси ги со себе
Сите лажни неба
Ти што немаш име
Ти со кого едноставно
Може да се разговара
Во ова време
Кога лудоста си ги скрши колената
И замина бесцелно завршена.
Ти што немаш име
А сите ние те измисливме
Од ноќите во милост
Земи го овој возудх зачмаен
Земи ме мене
И биди и понатаму
БЕЗИМЕН
Да не се заборави ништо
Што не прави вакви
Понекогаш изнемогнати
Понекогаш разорливи
Понекогаш така лудо
Силни и расплодени
Земи ме ТИ
БЕЗИМЕН.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели