Еднаш одама си живеел еден свештеник кој бил специјалист за будистичките прописи и се држел до нив целиот свој живот. Една вечер додека шетал несакајќи згазил на нешто. Од звукот што го направил, претпоставил дека згазил жаба која имала јајца. Ова навистина го растажило поради будистичкиот пропис за одземање туѓ живот дотолку што, вечерта дури и сонувал жаби кои сакале да го убијат. Свештеникот бил многу вознемирен и решил утредента да се врати на местото на „злосторот“, но кога наредното утро го минувал истиот пат, видел дека нагазил обичен домат. Дури тогаш го сфатил значењето на изреката „Нема објективен свет“ и дури тогаш знаел како да го практикува вистинското Зен учење.
Прочитајте и „Поучна приказна: Благословени сме со многу “ситници“, а некој за нив се моли да ги има“
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.