Поучна приказна: Благословени сме со многу “ситници“, а некој за нив се моли да ги има

Некои навидум “ситници“ како што се вода, храна, здравје… не ги гледаме како благослов, но некој се моли за нив бидејќи ги нема. Во продолжение приказната во која накратко е раскажана ситуацијата во која се нашол старецот кој се борел за живот.

Еден ден некој старец се онесвестил, го пренесле во болница. Му дале кислород во период од 24 часа. После некое време му било подобро. Лекарот му рекол дека вредноста на услугата чини 500 фунти, а кога ја видел сметката, старецот почнал да плаче. Му рекол дека не плаче поради сметката. Потоа додал: „Не плачам поради парите, можам да платам. Плачам бидејќи за само 24 часа користење кислород морам да платам 500 фунти, а дишам чист воздух веќе 93 години. Каква е таа милостина од Бог? Никогаш ништо не плаќам, знаете ли колку му должам?“ Тогаш лекарот ја спуштил главата и заплакал.

Прочитајте ја и следнава приказна: „Рибарот и одморот“.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели