Волците јадат многу алчно.
Еден волк на една гозба еднаш
толку лапаше, што веднаш
ќе завршеше мачно.
На грлото му застана коска крута,
та не можеше ни да гркне.
Таму мина еден штрк и волкот кутар
му даде знак в уста да му бркне.
И штркот в молк со клунот долг
коската ја извади, и за својот труд
награда побара од страшниот волк.
А волкот му свика: „ Ти си луд!
Та нели го знаеш мојот ќуд?
Куме Штрку, зар награда не е и слава
што од моево грло ја извади здрава
целата своја глава?
Бегај, неблагодарнику и стрепи
да не паднеш некогаш во моиве шепи!“
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.