Слушна глас, и го повтори два пати кога се одрече од него
А тој беше оган, оган на кол
Но слободата е поголема од оганот си рече
И небесата поголема од клучевите на сите градови до Ремс
Каде го круниса наследникот
Го погледна во очи неверникот
Невиноста твоја беше бел лилјан кој се расплати во Божја жар
Очите твои полни со нераскинлива чар,
Ги бодреа војниците, ги носеа во борба со Божја промисла
Победата беше твој дар за Франција
За Твојата мајка, за твојата божествена нација.
Ангелска беше твојата мисија , ја сметаа за нова верба , за ново чудо за победа пресудно
Но зошто те ставија на кол, како да си водела мисија развратно и блудно?
Блажени се оние кои се гонети за правда , зошто нивно е царството небесно
beati qui persecutionem patiuntur propter
само ти знаеше толку да се бориш ревносно,
Бог ти даде сила да ја спасиш родината мила
И во небесата е сега твојата сила.
Никогаш не ги напушташ оние кои ти се обраќаат
На секого влеваш надеж, храброст и спас,
Смилувај се на оние кои те осудија, на сите нас!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.