Skip to content

Ноќ – Гане Тодоровски

Ноќта сокри некого од некои…
Некаде започнаа да плачат.
Ноќта личи на бездушен пекол,
злоока ко несреќа, и мрачна.

Има она белузлави очи,
широки ко јамата на мракот,
што го скриле со здивена жолќност
чувството за секога уплакано!

Тежи ноќта, тежи како празнина
грижливо ископана од болот;
жестока е ко секоја казна
траг што чува врз тело разголено.

Има она пипала што дават
како полип во морски длабочини…
Умората наведнува глава, –
Ноќ без дно и ноќ без трошка починка!

Ноќта сокри некого од некои…
Некаде започнаа да плачат!
Ноќта личи на бездушен пекол,
злоока ко несреќа, и мрачна.

Извадок од „Коложег“ (1981)

Напишете коментар