Skip to content

Темнина

Добра вечер, темнино, моја убавино
меѓу слогови си се свила, се криеш
од кого?
дал е тоа тивкото кажано!
ил пак оној јас, кој гласно шепоти?
Мумлам зборови тропотни атовски
канонски одекнуваат до утрата
на другиот дел од планинава
Се смееме двамата темнино моја
крај фонтана за жедни боеми
в’ таја кафана над Скопјево
двамата сме си непознати
двамата си прсти вплеткуваме
Добра вечер, темнино, моја убавино
Светлата по џадињана светат за нас
во мракот замрачен за сонливите
Спијат тие за нас
за искрите сонуваат
за мислите копнеат
ние пак,
утрината ја ситниме
на ридот над градот
Ја потпевнуваме сетне
,,Звукот на тишината’’
дур чашите кристални ѕвечкаат за
На Здравје! до сто една и назад.
Будали се штурците кои со нас останаа
не’ знаат дека зората ќе ја дочекаат
а в’ пладнето како вршник врело поспани ќе денгубат
Потпевнувајќи ја ,,Во воздухот вечерва’’.

Напишете коментар