За денес како избор ја имаме песната „Двоглаво теле“ од Лора Гилпин. Тоа е кратка песна од нејзината наградувана збирка насловена „Хокус – Покус на Универзумот“, издадена во 1977 – та година во Њујорк, САД. Песната, иако кратка, изобилува со тага, убавина и надеж што извира од краткиот живот на едно двоглаво теле. Се надеваме дека и вам ќе ви се допадне.
Изутрина штом аргатите го најдат овој
изрод на природата, ќе му го завиткаат телото
в новина и ќе го однесат в музеј.
Ама вечерва, тоа е живо и во северното
поле со мајка му негова. Вечерта е летна,
совршена: Месечината се издига над
овоштијата, ветерот ја гали тревата. И
дур гледа длабоко во небото,
ќе види дупло ѕвезди од вообичаено.
Препев: Анастасија Лефкоска
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.