Ти враќам сѐ.
И болката и тагата,
и крвта и душата.
Ти враќам сѐ.
И утрото и вечерта,
и Сонцето и Ѕвездата.
Ти враќам сѐ.
Сите гадости,
сите лаги и приказни,
ретките радости,
уште поретки вистини.
Еве ти сѐ, еве и стихови,
да ја згрееш таа празна куќа без ѕидови,
да створиш смисла во себе пред огледало,
да си го смириш одвнатре отровот,
да разбереш:
не долу, туку во тебе гори пеколот.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.