Бен Џонсон е англиски поет, писател и драматург од шеснаесетиот век. Негови најпознати дела се драмите „Волпоне“, „Алхемичарот“ и поемата насловена „Песна: На Силија“, име кое се појавува неколку пати во делата на Џонсон, вклучувајќи ја и драмата „Волпоне“. Во прилог можете да го прочитате препевот на македонски на оваа прекрасна поема, прекукоја поетот се обидува да ја освои својата сакана Силија, но е неуспешен. Уживајте во читањето.
Пиј ме само со очите,
И јас ќе се заветам со моите;
Ил’ остај во чашата целув само,
И нема да барам во неа вино.
Жедта од душата навира,
Барај ти Божествена пијанка;
И да можам да се напијам од Јупитер нектар,
Твојата чаша, за него нема да ја сменам.
Ти пратив ноќта рози венец,
Не за да ти ласкам,
тук’ надеж да му дадам
дур е со тебе нема да овене.
Но ти, ни мирисот не го подиша,
го прати назад кај мене;
И дур цути сега, жив да сум,
Мирис нема свој, тук го носи мирисот твој.
Препев: Анастасија Лефкоска
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.