Езоп за деца: „Чинарот“ – Поучна приказна

Двајца патници кои одеа под силното, попладневно сонце, седнаа под сенката на едно големо и старо дрво за да одморат. Гледајќи ги лисјата што им пружаа прибежиште од сонцето и топлото, дојдоа до заклучок дека дрвото е всушност Чинар.
„Колку е бескорисен Чинарот како дрво!“ рече наеднаш едниот од нив. „Не раѓа плод и згора на тоа само стои и прави ѓубре со лисјата.“
„Неблагодарни суштества!“ се зачу глас од Чинарот. „Лежите тука, под мојата студена сенка, а велите дека сум бескорисен! Леле Јупитер, колку неблагодарно ги примаат најубавите благослови, луѓето!“

Прочитајте ја и поучната приказна за „Лавот, човекот и гледната точка“.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели