Кој ти го варди срцето? – Ирена Белешковска

Те гледам себеси се трошиш
учтива, фина и вредна си везден,
па го гледам сводот темен и ѕвезден
прашувајќи се, што срце носиш.

Има во гласот твој една боја
каква што срмата плете нишка
за гладниот, повели, велиш – кришка,
на ситиот, пак, даваш рака своја.

А рубата ти е чиста, како лицето
образот бел е твоја карта лична.
За работа, а и за дружба си вична,
само, пази, кој ти го варди срцето.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели